Show cover of #комкаст - media and marketing podcast

#комкаст - media and marketing podcast

Поткаст за маркетинг, нови медиуми, дигитална трансформација и дигитална култура. Поткастот е дел од блогот komunikacii.net, креиран во 2005 година. Зад блогот стојат Дарко Булдиоски, Сеад Џигал, Наталија Стефановска, Мите Кузевски а од пред некоја година и целиот тим на маркетинг агенцијата NewMediaMK. #комкаст започна како аудио издание во 2011 година кое беше емитувано и на РадиоМОФ. Во својата историја полна со паузи го менуваше својот формат и своите домаќини, но секогаш остана верен на своите теми. Сите епизоди се достапни на https://komunikacii.net/category/komkast

Tracks

Бизнис транформација е дигитална трансформација - Петар Ниновски и Душан Марковиќ - #комкаст 114
Во оваа епизода зборуваме со Петар Ниновски од Brainster и Душан Марковиќ од Maliqi Group. Секој со искуство во својата индустрија, Петар во неформално образовани, Душан со угостителство и дистрибуција зборуваа со кои предизвици тие се соочувале во процесот на трансфорамција во компаниите во кои делуваат.
43:57 3/17/22
Луѓе (HR) и дигитална трансформација со Ивана Дојчиновска Стојановиќ - #комкаст 113
Кога зборуваме за дигитална трансформација често напоменуваме дека луѓето во оранизацијата се клучен фактор за успешната трансформација.   Токму за процесите на промена внатре во компанијата, за развојот и одржувањето на организациската култура и секако за развојот на кариерните патишта во оваа епизода на #комкаст зборуваме со Ивана Дојчиновска Стојановиќ
50:22 2/24/22
5G и дигитална трансфорамција - #комкаст 112
Во седмата по ред епизода на #комкаст посветена на дигиталната трансфорамција зборуваме за 5G како технологија. Со Маја Милосавлевска Наумовска од А1 Македонија дискутираме за митовите поврзани со 5G, за карактеристиките и предностите на самата технологија но најмногу за можностите кои таа ги отвара во поглед на развој на голем број нови услуги и сервиси во различни индустрии. 
40:41 2/3/22
5 митови за дигитална трансформација - #комкаст 111
Во шестата последователна комкаст епизода посеветена на дигиталната трансформација изнесуваме на виделина неколку помалку и повеќе очиглени митови поврзани се разбира со дигиталната трансформација.    Секако, штом се митови значи дека се побиени и дека не се точни тврдењата, но и покрај тоа нив одново и одново ги сретнуваме во секојдневната работа. Токму затоа има потреба одново и одново да се повторуваат и да се посочуваат за да може да се очекува соодветна промена.
21:09 1/27/22
Дигитално лидерство со Иван Скендер - #комкаст 110
Иван Скендер е човекот одоговорен за спроведување на дигиталната трансформација во А1 Македонија и А1 Хрватска. Разговаравме за предизвиците, искуствата, препреките со кои се соочуваат но и за методите и пристапот во трансфорамцијата. Допревме малку технологија, малку HR или човечки односи, малку agile менаџмент... и ред други теми.
38:20 12/23/21
За гејминг со Гораст Цветковски - #комкаст 109
А за што друго би зборувал со Гораст ако не за гејминг и Game Fest и целата култура и трансформација која низ годините наназад се случува. Зборувавме за лични перцепции и искуства, за влијанието на оваа култура на остатаниот дел од опкружување и на крај секако малку и за децата и играњето, неизбежно беше.
51:43 12/16/21
Data science со Мартина Наумовска - #комкаст 108
Уште во воведната епизода на серијалов посветен на дигитална транфорамција зборував колку е важен стратешкиот пристап кон собирање и управување со податоците. Во денешната епизода со Мартина Наумовска зборуваме токму за улогата на податоците во рамки на самата трансформација на работењето на една организација. Мартина е првата жена Data Scientist која влегла во претприемачките води во Македонија, еден од основачите на Data Masters и Data Masters академијата.
43:27 12/10/21
Грижа за корисници со Борче Ѓорѓески - #комкаст 107
Како е да се биде од другата страна, кога корисникот бара да му се посвети внимание или реши проблем? Како се менуваа каналите за комуникација со корисниците, колку време е дозволено за решавање на проблем, како е да те замени вештачка интелигенција, што не може да работи робот? На овие и многу други прашања одговара Борче Ѓорѓески од А1 Македонија, човекот кој, најверојатно, има подебела кожа од сите нас заедно...
37:51 12/2/21
Што е дигитална трансформација? - #комкаст 106
Најавивме серија на епизоди кои ќе бидат посветени на дигиталната трансформација, ама ред е за почеток да се обидеме да дадеме вовед, дефиниции, рамки за да знаеме за што зборуваме. Во првата епизода од овој серијал се обидувам да ги врзам кафанските муабети со серзиони теми кои секако не се неспоиви, ама си носат свој предизвик. Во воведната епизода ќе слушнете: дефиниции за дигитална трансформaција, основни елементи на дигитална трансформација фази на трансформација фокус на коринсикот и корисничкото искуство зошто дигиталните маркетери се мешаат во дигитална трансфорамција
33:07 11/25/21
Најава: Дигитална трансформација
Пред неколку месеци со А1 Македонија започнавме убав муабет околу подкасти, локална понуда и сл. и после неколку (онлајн) состаноци и меилови... работите станаа поконкнретни. Се интензивираа работите и конечно денес ја имам честа да ја најавам новата сезона (иако напуштивме броење на сезони пред две години па затоа некаде може и ќе ја викам серија) на #комкаст. Одлуката околу содржината беше прилично лесна. Дигитална трансформација. Долги години сме активен дел од неа, од повеќе страни а тоа е и тема со која А1 Македонија можеше многу лесно да се поврзе, ќе слушнете во некои од епизодите и зошто. Тоа е, #комкаст, партнерски со А1 Македонија, 10 нови епизоди, скеој четврток. Од сега па до февруари 2022. Повеќе детали во најавата и прва епизода во четврток на твојата омилена аудио платформа, YouTube или тука на блог.
02:17 11/22/21
За SEO со Бранко Илишев - #комкаст 105
Бранко е ко-основач главен и одговорен за SEO делот во агенцијата SmartClick. Бранко ми е еден од „тајните” извори за добри SEO дискусии и линкови. Подолго време се договараме да снимаме епизода и конечно успевме да се погодиме и да продискутираме за: развој на кариера во SEO потребите на глобалните пазари и специјализација профили на SEO експерти Core Web Vitals Локалната SEO сцена, ако може така да се нарече :)
41:17 7/1/21
За развој на кариера во „дигитал” со Иван Димитров - #комкаст 104
Кога ќе се обидеш да размениш искуство пред камера со некој кој, ако не повеќе барем, еднакво зборува како мене не е лесен предизвик. Се обидувавме со Ико долго време да најдеме поконкретна тема за муабет за да не си се жалиме само јавно, тоа секако го правиме често... Еден негов статус за потррага по нов вработен во Групер ме инспирираше да ја отворам темата за вработување, градењеи пронаоѓање на соодветен кадар за работа во нашва индустрија т.е. дигитален маркетинг. Ако ја слушнеш, или гледаш епизодава ќе слушнеш за различни искуства за пристап на работодавачи, вработени, менаџери и сл. во поглед на развојот на кариерниот пат на дигиталците. Фокусот е на локалната ситуација и предизвици кои постојат од двете страни. Се обидовме да ги согледаме сите акспекти на темата, објективно. Успеавме ли добро да ја отвориме темата?
53:12 5/23/21
Алгоритми и општество со Игор Трајковски од time.mk - #комкаст 103
Има теми на кои едноставно уживам да зборувам, дискутирам, да се надградуваме и да бидам предизвикан со моите ставови. Улогата на алгоритми е една од тие теми. Сум спремал презентации, сум пишувал текстови и на периоди многу читам на темата алгоритми и нивната улога во општеството. Токму на оваа тема или овие теми во 103 издание на #комкаст разговарам со Игор Трајковски, умот кој стои за time.mk Улогата на алгоритмите во денешниот дигитален свет е навистина многу важна и тука не мислам на алгоритмите на социјалните мрежи туку на бројни други примени кои директно имаат влијание на судбините на милиони луѓе ширум светот. Токму за развојот на овие системи и за предизвиците со кои се соочуваат денес дискутираме во оваа епизода. Јас навистина уживав, се надевам ќе уживаш и ти.
52:51 5/15/21
Funnel hacking со Гент Мехмети - #комкаст 102
И повторно по уште една пролетна пауза, #комкаст е назад со гостин во студио. Конечно успеавме да се погодиме со термините и здравјето со Гент и да помуабетиме на тема маркетинг инка или marketing funnel. Со Гент Мехмети (B2B Copywriter & Marketing Consultant | Head Of Marketing @ LEORON Institute) дискутираме за развојот на маркетинг инката како модел, пристапот кој треба да го имаме како маркетери за различни типови производи и услуги кои ги продаваме и како ги „хакираме” пред се туѓите инки. Во еден дел анализираме и една конкретна инка, дискутираме и за copywriting и секако спомнуваме многу мали совти кои навидум неважни всушност се клучни за успешноста на една инка. Гент во епизодата вети дека ќе сподели линкови до работите кои ги спомнува, еве ги: Sam Ovens “Consulting Accelerator” https://www.consulting.com/consulting-accelerator Frank Kern https://www.frankkern.com Coaching by Dan Kennedy https://nobsinnercircle.com/services/coaching/ Clayton Makepeace’s Makepeace Mastermind Alliance https://www.awai.com/p/is/mmm/ Russel Brunson’s Dotcom Secrets https://dotcomsecrets.com/getdcsfree-1 Scientific Advertising by Claude C Hopkins https://www.scientificadvertising.com/ScientificAdvertising.pdf
53:06 5/8/21
Instagram новини и совети + битката на „соушл” - #комкаст 101
По пауза од скоро еден месец, се враќаме со нова епизода на #комкаст во која во соло издание се обидувам да отворам неколку различни дискусии. Инспирацијата е актуелнaта битка на социјалните медиуми за пол позиција во иднината, задржување на доминацијата, или воопшто зачувување на својата релевантност. Фокусот, по воведот е на Instagram затоа што премногу нови работи се случуваат таму и некако мислам дека заслужува внимание. Ги замолив колегите да ги споделат своите искуства со Instagram и да посочат кои работи им се релевантни за поголем успех таму, баш во овој период. Фала на Симона, Давид, Наташа и Тина. Во епизодата како што веќе најавив ќе слушнете за: Борба на социјалните медиуми Некои од новитетите на Instagram Совети за објавување на Instagram Стратегијата која стои зад вашиот Instagram настап Кое време треба да објавувате Во епизодата неколку пати повикувам да споделите искуство…. па еве и тука да повторам. Пишете ми ги вашите совети за успешност на Instagram, што вас ви поминува што не ви поминува периодов?
27:32 4/1/21
100. епизода на #комкаст - Носталгија, историја, сегашност, иднина...
Потајно се надевав дека ќе успеам во една епизода да ги соберам сите кои на еден или друг начин низ изминативе 10 години биле во улога на домаќини на #комкаст. Скоро и да успеав, собрав четворица од вкупно 5 на таа листа. Петтиот задоцни со својата реакција неколку дена :). Јубилејнава 100. епизода со Сеад, Мите и Дарјан правиме ретроспектива, секој од своја гледна точка, секако низ најлегендарните моменти на овој поткаст. 10 години и 100 епизоди, е прилично лош просек, ама ми се чини дека конечно ја надинуваме периодичноста и влегуваме повторно во јак ритам како оној на самиот почеток. Пу пу да не урочам. Ние се забавуваме еден час, се потсетивме на некои важни епизоди и искуства и се потапкавме по рамо за тоа што сме го дискутирале и постигнале изминативе годни. Во исто време отворивме и доста интересни теми за кои допрва треба да се зборува, пред се во #комкаст, но и општо... Ако уживате во овој час, барем половина од нас, супер ќе ви биде. И да, знам, многу сме јаки, не мора да не тапкате по рамо и вие :D Ајде па побзо да ни дојде нова стотка...
51:35 3/6/21
Content maketing со Данче Азманова од Embed Social - #комкаст 99
Има разлика од содржина, до добра содржина до содржина која има конкретна маркетинг цел и успева да ја реализира. Е токму за овој последниов тип содржина зборуваме со Данче во 99. епизода на #комкаст. Данче доаѓа од EmbedSocial, екипа која низ годините ни била на гости во #комкаст. Изминативе години содржината им стана еден од клучните начини за привлекување нови корисници и раст на бизнисот. И токму за тоа зборуваме со Данче. Во епизодата ќе слушнете за: транзицијата од нивинар во „маркетер” потребни вештини за креирање добра содржина за маркетинг цели работа со/во тим за максимален ефект анатомија на добра содржина мерење ефективност од content marketing и многу повеќе... *ќе слушнеш и на почетокот на епизодата, ама еве уште едно, пишано, извинување за разликата во квалитетот на звукот на одредени делови од епизодата.
45:14 2/27/21
Градење т.н. Marketplace со Никола Јодановски од UpShift - #комкаст 98
Знам, знам maketplace ќе му дојде на македонски пазар, ама низ годиниве во англискиот јазик токму овој збор го пошити своето значење и сега кога ќе се каже maketplace се мисли на дигитален сервис каде во исто време и исто место се сеќаваат понудата и побаувачката а создавачиот на тој сервис е многу повеќе од само пониудувач на заеднички постор. Во 98 издание на #комкаст со Никола збоуваме токму за еден ваков севис. UpShift можеби не е најкласичниот SaaS кој би го помислиле кога ќе спомнеме digital marketplace ама еднакво ги носи со себе сите (маркетинг) предизвици. Во епизодата зборуваме за : што е и како функционира UpShift како развива нови пазари како се расте понуда и побарувачка како се обезбедува паралелен развој на понудата и побарувачката (бизнис) аналитика огласување
55:30 2/19/21
B2B и LinkedIn со Данчо Димков од BizzBee - #комкаст 97
Данчо е искусен бизнис консултант кој послениве години со својот тим во BizzBee Solutions се фокусира на бизнис кон бизнис  комуникацијата пред се преку LinkedIn. Во 97. епизода на #комкаст зборуваме за: карактеристиките на b2b комуникација начин на употреба на LinkedIn за добивање клиенти дефинирање на пораки за започнување на разговор процесот на комуникација психологија на комуникација во име на друг за конкуренцијата на пазарот алатки за автоматизација и употреба на LinkedIn и така натаму :D
55:02 2/12/21
Како да снимите поткаст - втор дел | #комкаст 96
Оваа епизода го продолжуваме муабетот за снимање поткаст со малку повеќе осврт на техничкиот дел и опремата потребна за снимање. Има и мал дел за видео, ама само мал. Во оваа епизода ќе слушнете: како да изберете микрофон Што друго ви е потребно за микрофонот како да изберете и подготвите просторија за снимање кои онлајн сервиси да ги користите ако снимате интервју онлајн како да изберете камера и опрема за видео светло и позиција на снимање видео Идејата на епизодава е да споделма и што и каде е достапно од опрема на нашиот пазар, па во таа насока еве ги линковите, сите на куп, спомнати во епизодата: Микрофони: - Rode Podcaster - Rode NT-USB Mini - Blue Yeti - Mackie - EleMent Series USB Microphones Продавници во Скопје: - Артист - FB Page - Vision - FB Page - Decibel - достапни и преку Vision - Pix+ Онлајн сервиси: - Riversite.fm - CleanFeed - SquadCast - Zencastr
26:41 2/4/21
#комкаст 95 - Претпродажба, со Јоцо Тодоровски
Со Јоцо Тодоровски, разврзавме муабет за претпродажбата како модел на маркетинг кој може да се применува при лансирање на нов производ или услуга. Јоцо е стратег за дигитален маркетинг. Им помага на компаниите да постават "маркетинг системи" што носат поголем бизнис раст. Токму со оваа тема, маркетинг системи, го започнуваме нашиот муабет, за подоцна да разговараме за различните пристапи при примената на претпродажба како маркетинг алатка. Разговараме за времето на реализација, комплесноста, јазикот на обраќање, изборот на публика и секако буџетите. Јоцо го пренесе своето искуство преку серија примери на кои работел со брендови во Македонија, Бугарија но и глобални стартап компании. На крајот на епизодата ги сподели и детали за промената на пристпот и исходот во работата со фитнес тренерот Ана Стојанова Низ епизодата Јоцо реферира на неколку книги и луѓе, еве ги линковите до работите кои ветивме дека ќе ги споделиме: Книга за позиционирање - April Dunford - Obviously Awesome https://www.aprildunford.com/obviously-awesome Sean D'Souza https://www.psychotactics.com/ Видеото за предпродажба и тестирање на бизнис идеја:  https://mentor.mk/3p/ 1000 True Fans https://kk.org/thetechnium/1000-true-fans/
61:40 1/28/21
#комкаст 94 - за Growth ****ing со Никола Соколов
Со гостинот во оваа епизода се договоривме дека нема да користиме премногу излитени маркетинг термини, ама не успеавме да намалиме на употребата на англиски термини... Тоа е. Никола Соколов е ко-основач и главен и одговорен... во Influencers Club, но зад себе има, релатнвно кратка, ама богата работна приказна. Школуван за програмер, израснат во маркетер или подобро речено geeketeer, и лидер. Со Никола разговараме за: преминот од програмирање во маркетинг и развој на бизнис. неговите позитивни и негатвни искуства во процесот на растење на еден стартап. cold emails Инстаграм микро инфлуенсери ... и многу повеќе Не дека не се познава по мене, но муабетот со Никола навистина ми легна, и уште од сега најавувам дека нема да помине многу време кога повторно ќе го поканам да гостува пред во студиото на нашиот #комкаст
60:09 1/20/21
#комкаст 93 - за Google Analytics 4 со Роберт Петковиќ
Оваа епизода ја планиравме подолго време. Google Analytics 4 официјално се појави пред неколку месеци, и од тогаш наваму барaвме погоден момент да позборуваме на темата со, кој друг ако не, човекот кој ги претвара бројките во зборови - Роберт Петковиќ - Петко Петко е еден од најпознатите и најпризнатите регионални експерти за аналитика, но не е ништо помалку искусен и од оние кои се во светскиот врв. Петко е редовен наш гостин на AllWeb, присутен на поголем дел од конференциите во регионот а од неодамна активен и на својот YouTube канал - Analitika s Petkot. Исто така (спомнавме и во самата епизода) Петко може да му дозволите да ве научи аналитика и преку Masterbox.rs Во 93-тата епизода од нашиот #комкаст со Петко разговараме за новините кои ги носи Google Analytics 4, за разликите во споредба со досегашниот Universal Analytics и секако за најдобриот пристап и транзиција која треба да ја исплaнирате ако некаде следите статистика со овој сервис на Google.
27:23 1/13/21
#комкаст 92 - Топ 5 извори/сајтови за маркетинг и медиуми
Традицонално зимскиве празници се за улежување, јадење, пиење... па добро еве нека бидат и за консумирање на содржина. Оваа епизода, без гостин во студио, всушност е обид да ја разглобам млаку подетално мојата лична практика ког станува збор за навики за консумирање новости и мислења. Се надевам ќе ти биде корисна и можеби инспиративна и секако ќе биде предизвик за ти да ги споделиш со другите (во коментар или каде и да стигнеш) твоите омилени извори за маркетинг и медиуми. Вовед и како јас консумирам вести денес а како во минатото - Bloglines - https://en.wikipedia.org/wiki/Bloglines - Алтернативи на RSS reader - https://alternativeto.net/software/google-reader/ Видови на извори - SocialMediaExaminer - OnTech with Shira Ovide - NYT free newsletter - Wired Long Reads - Newsletters subscribe page - ga:croatianTalk - FB група - Google Ads uz kavu - FB група - WP Speed Matters -  FB група - ClickFunnels (Official) -  FB група - eCommerce Hrvatska - FB група Honorable mentions - #ПрегледВоПеток - The Verge - DigiDay - TechLinked - YouTube - It.mk - Social Media Today Топ 5 извори на вести - WeAreSocial - UK Blog - eMarketer & eConsutancy - Platformer - Casey Newton & Boagworld - Paul Boag - aList Daily - Netokracija.rs & Netokracija.com *Substack
26:48 1/7/21
#комкаст 91 - Во „Светот на Биби” со Јована Аврамовска
Во новата 91 по ред епизода зборуваме за светот на Биби, за развојот на овој проект, за начинот на кој се работи внатре, за YouTube за деца и возрасни за Бививерзумот и за ред други работи. Се разбира и од самиот наслов нели, разговарам со Јована Аврамовска. Слушајте ја новата епизода претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси: iTunes: https://apple.co/31TUeXw Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4 Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast
37:53 12/24/20
#комкаст 90 - за креативноста во време на дигитал со @muarko
Во 90-та епизода по ред на #комкаст разговарам со Марко Стојановиќ, или попознат на твитер како @muarko. Марко е еден од оние т.н. агенциски луѓе кои целата своја кариера ја минале и ја минуваат во т.н. креативна индустрија. По вокација дизајнер, или подобро речено визуелен креативец. Со Марко разговравме, и си кукавме, да не речам плачевме за различни теми, секако под знакот на креативност. Дискутираме за промените кои ги донесе дигиталната комуникација и социјалните медиуми, но и за улогата на креативноста денес. Слушајте ја новата епизода претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси: iTunes: https://apple.co/31TUeXw Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4 Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast
52:52 12/17/20
#комкаст 89 - За chat commerce, black friday и многу повеќе со Ана Георгиеска
Во новата, 89-та епизода по ред на #комкаст разговарам со Ана Г. од Студио модерна, компанијата која стои за брендовите како што се Топ Шоп, Дормео, Делимано, Homeology и други. Со Ана разговараме за почетоците на нивната компанија во полето на дигитален маркетинг, за фокусот на содржина и секако за мерење на продажбата. Зборувавме за улогата и ефективноста на различните дигитални канали, за продажбата во директна комуникација, преку пораки во чет, за стримањето во живо но, на кратко продискутиравме и за сличностите и разликите на нашиот пазар со останатите во регионот. Содржина: 00:00 - За почетоците 04:10 - Улогата на содржината во маркетингот 10:20 - Канали за комуникација 14:35 - Chat Commerce 22:00 - Black Friday и display рекламирање 28:35 - За растот и развојот на пазарот 35:32 - Live streaming 44:00 - Сличности со другите пазари
46:00 12/10/20
#комкаст 88 - За UX и UI, со Јане Наумоски - Mufix
Веќе некое време тема во која со големо задоволство се задлабочувам е UX, поточно корисничко искуство, уште поточно... бихевиорални промени на однесување. Или ако до крај веќе одиме со кратенкиве тргнуваме од UX преку UI за да ја видиме големата слика или CX ;) И покрај тоа што UX најчесто тесно се поврзува со (графички) дизајн, сметам дека темата е далеку повеќе од тоа, и заслужува да и се дискутираме повторно и повеќе. Ама, од некаде мора да се почне, па затоа во оваа епизода по површината на темата почнавме да гребеме со Јане Наумоски, инаку стар пријател на #комкаст. Разговараме за основите на UX, што е UX а што IU, што е потребно да знаеш и да учиш за да можеш свесно да размислуваш на темава и како да напредуваш. Неколку интересни линкови на темата споделувам најдолу... UX - user experience - корисничко искуство UI - user interface - кориснички интерфејс CX - customer experience - (вкупно) искуство на купувач/клиент?!? Корисни линкови: Marketing and The Science of Behavioral Change – Sean Doyle Radical Empathy And Other Ways To Rethink Your Customer Experience The Psychology of User Decisions Laws of simplicity Misbehaving: The Making of Behavioral Economics _____________ Слушајте ја новата епизода претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси: iTunes: https://apple.co/31TUeXw Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4 Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast Се разбира може да се „сабскрајбнете” на YouTube каналот: https://bit.ly/3oGjbQ7
26:03 11/30/20
#комкаст 87 - За YouTube, ама сериозно, со Иван Ајнштајн
Во оваа епизода, и покрај сите технички проблеми кои ни се случија, успеавме да уживаме во муабетот, со Иван разговаравме за YouTube. Дискутираме за локалната YouTube сцена, за заработката на јутјуберите, за квалитетот на содржината, за глобалните трендови и за уметноста наречена YouTube „едитирање”. Слушајте ја новата епизода и претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси: iTunes: https://apple.co/31TUeXw Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4 Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast
43:07 11/19/20
#комкаст 86 - Како да направите поткаст!
Оваа недела решивме малку да експериментираме. Снимивме малку поразличен #комкаст. Ако ви се допадна и ако сакате да има ваков тип на епизоди почесто, пишете ни некаде... да знаеме и да си планираме. Ова епизода Дарко ќе ви каже: Како да напрaвите поткаст. Корисни линкови за секој од деловите во епизодата: 1. Планирање на поткаст How to Start a Podcast - thepodcasthost.com Starting Your Podcast: A Guide For Students - NPR How To Start A Podcast - podcastinsights.com 2. Снимање и едитирање на поткаст Audacity - Free, open source, cross-platform audio software Rode smartLav+ - Lavalier microphone for smartphones Dual Lavalier Microphone - performwireless.com Razer Seiren X Streaming - Anhoch.com Anchor App - iTunes, Google Play 3. Објава и дистрибуција на поткаст Anchor.fm - The easiest way to make a podcast PowerPress Wordpress Plugin -blubrry.com 31 Best Podcast Hosting Sites - podcastinsights.com
13:53 11/12/20